
Шасија за контејнер
Веќе со години Ван Хоол произведува многу обемна понуда на шасии за контејнери за транспорт на стандардни контејнери, цистерни, контејнери за рефус производи и посебни цистерни кои се вадат. Истите се произведуваат од висококвалитетен челик и ги има во 20’, 30’, 40’ и 45’. Повеќето од нашите шасии за контејнери стандардно се фарбаат според висококвалитетната процедура за фарбање со повеќе од 85% цинк во основниот слој. Покрај тоа, за одредени типови секогаш ја нудиме можноста да се галванизира шасијата.
Кај шасии за контејнери е особено важно самата шасија да тежи колку може помалку. Без да се намали сигурноста за која е познат, Ван Хоол комбинира екстремно конкурентни празни тежини со цврстина.
