Автобуси за јавен превоз

Кој мисли на јавен превоз, мисли на Ван Хоол.

Нова А-серија градски автобуси 100% со нула емисија

Со новата А-серија градски автобуси 100% со нула емисија нудиме се што им е потребно на претпријатијата за јавен превоз кои сакаат да имаат „позелен“ возен парк. Технолошко иновативната понуда се состои од градски автобуси во 6 различни должини (10м, 12м, 13м, 15м, 18м и 24м) и со елегантен дизајн. Сите модели се исклучиво опремени со погонски системи со нула емисија: со електричен погон со батерија, со горивна ќелија (водород) или тролејбус. Чиста работа!!

Дали сакате да дознаете што друго ја прави нашата А-серија, вклучувајќи го А12-моделот со електричен погон со батерија, уште поиновативна?

Откријте ја А-серијата

Exqui.city

ПРИМЕР ЗА ВИСОКОКВАЛИТЕТЕН ЈАВЕН ПРЕВОЗ.

Безвременскиот и елегантниот изглед на Exqui.City BRT нагласува непречено и безбедно патување низ градот денес и во иднината. Мазните линии, меката светлина и напредната ергономска внатрешност сите се клучни за патникот да биде опуштен за време на патувањето. Големите влезови и излези, нискиот под и широките ходници во целото возило обезбедуваат непречено движење на патниците.

Прочитајте повеќе

Пионер во одржлив превоз

Во 2005г. ги воведовме првите автобуси со горивна ќелија во САД. Две години подоцна во Европа. А со нашите решенија со електричен погон со батерија и тролејбус-концепти исто така возиме во прв ред и на нашите клиенти им нудиме енергетско ефикасен премин на чист јавен превоз, што стана неопходно со оглед на глобалното затоплување и денешните строги CO2-норми.

Иновативност на прво место

Што се однесува на иновативност не се ограничуваме. Тоа важи и за јавниот превоз, за кој сме познати ширум светот. Нашите инженери од блиско ги следат најновите еволуции и развиваат градски автобуси и трамвајски автобуси кои ги задоволуваат барањата од секаков тендер. Како независен производител соработуваме со најдобрите партнери на пазарот. Тоа ни дава сила да продолжиме таму каде запираат другите.