Leading the way
Веќе 75 години Ван Хоол бира да оди напред. Движени од луѓе со страст за иновативност и извонредност со нашите патнички и градски автобуси и индустриски возила возиме во првиот ред на светско ниво и се гордееме со тоа. Ништо не ни е премногу за да можеме денес да го обезбедиме најдоброто, најчистото, најбезбедното, најудобното и уникатно возење. Доаѓате ли со нас?
Van Hool. Leading the way.
Наши возила
in the spotlight
Ние имаме соодветен патнички автобус за секој тип на патник и за секоја дестинација. Удобен и сигурен, со сè што ќе го направи патувањето незаборавно.
ВАН ХOOЛ ГО ИСПОРАЧУВА ОНА ШТО ГО ВЕТУВА.
Ние сме во сезона на испораки. Патничките автобуси на Ван Хоол од сериите T, TDX и EX заедно со серијата А се на пат кон клиентите ширум светот. Ван Хоол нуди комплетен асортиман на патнички автобуси кои ги исполнуваат специфичните барања и високите стандарди поставени од страна на нашите лојални клиенти.
Новата серија Т е препознатлива по иновациите, квалитетот и безвременскиот дизајн. Опремена е со висококвалитетни материјали и ткаенини во комбинација со иновативни функции. Ги исполнува очекувањата и на денешнината и на иднината, како од технички, така и од аспект на дизајн.
TDX е резултат на нашата постојана потрага за издигнување на концептот и конструкцијата на повисоко ниво. Како и секогаш, безвременски и современ, фокусиран на патникот и возачот, како и на околината.
EX е ефикасен и елегантен, мултифункционален и флексибилен. Модуларниот концепт на EX, заедно со прочуената доверба во Ван Хоол, овозможува возилото да може да се прилагоди на специфичната природа на секој патнички превоз, без да се загрозат квалитетот, безбедноста или удобноста.
Нашата нова серија А, 100% без емисии совршено се вклопува во одржливата иднина и нуди чисто и тивко решение за јавен превоз со оптимален квалитет и удобност.

TDX25 Astromega
Erwin Edtbrustner GmbH (AT)

T16 Astron
De Zigeuner (BE)

T16 Acron
Kupers (NL)

T17 Acron
Kaltofen (D)

T16 Alicron
Coïmbra (FR)

T15 Acron
Jacob (FR)

T15 Acron
Ghielen (NL)

T17 acron
Toptours

T17 acron
Meerkerk
Иновација & Интеграција
Кај Ван Хоол иновацијата е маслото коешто ја движи нашата организација. Заедно со клиентот бараме решенија и не се плашиме да се преиспитаме. Во нашите сопствени бироа за инженеринг во Белгија и во Македонија постојано ги поместуваме нашите граници. Силно сме насочени кон истражување и развој (R&D) и тоа во голема мера придонесува за нашиот успех.
Како независен производител соработуваме со најдобрите партнери на пазарот. Ги бираме најиновативните технологии и разгледуваме како може да ги интегрираме во нашите возила. Благодарејќи на нашата долгогодишна стручност, од инженеринг до производство, успеваме совршено да ги задоволиме желбите на клиентот.

Let's get social
Со што можеме
да Ви помогнеме?
Пост-продажба
Ван Хоол сервис, секогаш во близина! За сите резервни делови, прашања или закажување.
Огласи за работа #teamvanhool
Работи со нас на иднината на Ван Хоол!
My Van Hool
Клиент, добавувач или соработник? Останете во тек со новостите преку „My Van Hool“.
Место за симнување
Тука можете да ги пронајдете сите логоа, промотивни слики и флаери од Ван Хоол.
ВАН ХООЛ ДЕНЕС