А-серија
Градот, што го нуди
Ван Хоол.
Обновен, иновативен јавен превоз, 100% со нула емисија.
Ниеден автобус кој ја напуштува фабриката веќе нема да испушти CO2 или други гасови. Така помагаме Вашиот возен парк да стане позелен. Затоа нашата А-серија ја нудиме со три различни зелени погонски системи: со електричен погон со батерија, со горивна
ќелија и како тролејбус.
На тој начин Вие ќе бидете подготвени за позелена иднина на нашата планета.
Чист и самоуверен дизајн.
Автобус за сигурно патување.
- Дизајнот е безвременски со рамномерни сразмери и мазни линии.
- Континуираниот дизајн дава чувство на безбедност и сигурност.
- Предницата е заоблена и аеродинамична и има самоуверен изглед.
- Страниците се рамни и едноставни со многу простор за натписи.
- Задницата е чиста и еднообразна со големо стакло кое обезбедува да влезе доволна светлина внатре.
Автобус кој е во хармонија со својата околина.
Автобус за подобри услови за живеење.
- Поради тивкото работење и мирните форми автобусот може да се вклопи во секоја околина.
- Мазните контури на автобусот му даваат љубезен и доверлив изглед.
Удобност за сите внатре.
Автобус во кој патникот се чувствува безбедно.
- Внатрешноста е пријатна со мазни форми и одоколу влегува мнгоу светлина.
- Светлиот плафон и светлите страници создаваат чувство на отвореност.
- Уникатната климатизација и прилагодливото осветлување даваат чувство на удобност.
- Квалитетните материјали и прецизното завршување го прикажуваат високиот квалитет.
Удобност за сите внатре.
Автобус во кој човекот зазема централно место.
- Автобусот е наменет за сите и затоа обезбедува лесен пристап за сите патници.
- Добро осмислената внатрешност обезбедува лесно движење во возилото и дава чувство на отвореност.
- Распределбата на внатрешноста на патниците им овозможува да изберат меѓу приватност и интеракција.
- Седиштата без ногалки обезбедуваат многу простор за нозете и го олеснуваат чистењето на подот.
- Платформата е лесно пристапна и има безбедни потпирачи и така креира простор и можност за држење за сите.
Ергономско место за работа.
Автобус во кој возачот може да работи безбедно и ефикасно.
- Ергономската кабина има подеслива шалтабла и е опремена со повеќе места за складирање.
- Тесните предни столбови го намалуваат опсегот на мртвиот агол.
- Одлично осмислениот изглед на шалтаблата обезбедува веднаш да се прочитаат податоците, дури и ноќе.
- Интегрираните безбедносни системи го поддржуваат возачот.
- Одвоената кабина на возачот му обезбедува заштита и спокој, а истовремено транспарентна комуникација со патниците и околината.