Кариери
Ван Хоол е едно големо семејство со повеќе од 3500 колеги. Ширум светот заедно работиме на иднината на транспортниот сектор како #teamvanhool. Можеби има место и за Вас?
Ван Хоол е компанија со луѓе кои, независно од одделот или филијалот, се пронаоѓаат во заедничката страст за технологија, квалитет и иновативност. Ние сме едно семејство, поврзано од безограничена амбициозност и стремеж кон совршеност. Во пазар кој брзо еволуира единствениот пат е патот кон иднината. А тој пат го градиме заедно како Тим Ван Хоол.
Van Hool. Leading the way.
Придружете се на
#teamvanhool
Нашите гранки АВТОБУСИ ЗА ЈАВЕН ПРЕВОЗ & ПАТНИЧКИ АВТОБУСИ и ИНДУСТРИСКИ ВОЗИЛА двете имаат свој сопствен оддел за дизајн, инженеринг, производство и маркетинг. Но кај нас сите играме за еден ист тим!

Страст за технологија
Нашите патнички и градски автобуси и индустриски возила се врвот на иновативност и технологија. Интензивно ги следиме најновите еволуции и ги интегрираме во иновативни решенија кои далеку ги надминуваат очекувањата на нашите клиенти. Дали и Вие ја делите нашата страст за технологија?

Горди на нашиот резултат
Како страсни производители на автобуси вложуваме срце и душа во возилата коишто ги произведуваме. Таа страст се забележува во секој оддел и во секој филијал. Од производство се до администрација. Од Белгија до Македонија. Одржуваме близок контакт со нашите партнери, интензивно соработуваме со клиентите и се грижиме секогаш да го постигнеме посакуваниот резултат. Тоа е клучот за нашиот успех и се гордееме со тоа.
