За Ван Хоол

Ван Хоол постои од 1947г. Тоа што важеше тогаш, важи и до ден денес. Транспортот се уште е нашата страст, а технолошката иновација не движи. Тоа е општо познато. Во меѓувреме ширум светот. Смислуваме иновативни решенија кои ги восхитуваат клиентите и го ослободуваат патот кон иднината.

Квалитет, сигурност и флексибилност. За тоа се залагаме и тоа се забележува во се што правиме и произведуваме. За нас ниеден предизвик не е премногу голем. Не испуштаме ниеден детаљ. Како вистински пионери се осмелуваме да погледнеме напред и да ги преместиме нашите граници. А што е резултатот на тоа? Денес нашата групација на меѓународно ниво зазема водечко место во развивањето на технолошко иновативни градски и патнички автобуси и индустриски возила. Ван Хоол е синоним за совршена мајсторија и го определува стандардот за одржливи решенија во транспортниот сектор.

Van Hool. Leading the way.

Повеќе од 75 години искуство

Ван Хоол има богата историја. Фирмата запонча во 1947г. и оттогаш нашето име стана синоним за квалитет, сигурност и многу прецизно завршување. Нашата стручност и желбата за иновација уште секој ден водат кон нови решенија.

Дали на пример знаете дека ние бевме првиот производител на градски автобуси со низок под? Дека делумно беше наша заслуга што водородниот автобус стана употреблив? И дека нашиот TDX25E е првиот двокатен патнички автобус во светот со електрична батерија?

Дури по повеќе од 75 години се уште сме пионери… го водиме патот кон иднината.

Happy people on a Van Hool-coach

Движен од луѓе

Покрај технологијата нашите луѓе се силата на нашата организација. Секое возило се развива од луѓе со страст за квалитет. Благодарејќи на нивната стручност, креативност и стремеж кон иновативност нашите производи се истакнуваат и нашите клиенти се желни да соработуваат со нас.

Правна& Корпоративна општествена одговорност

Тука можете да ги пронајдете сите наши документи во врска со собирање податоци, законски регулативи,..

Продолжете