Индустриски возила

најкраткиот пат до ефикасен превоз на стоки.

Со своето повеќе од 65-годишно искуство и производство од повеќе од 4000 парчиња годишно Ван Хоол е важен играч на светскиот пазар за индустриски возила.

Со извоз кон Северна & Јужна Америка, Африка, Блискиот Исток, Азија и речиси секоја Европска земја Ван Хоол стана играч на светско ниво. Благодарејќи на големиот избор на полуприколки, затворени приколки, ниски полуприколки со платформа, шасии за контејнер, приколки кои се монтираат врз камион, обични приколки, полуприколки, полуприколки со цистерна, полуприколки со цистерна за гас, цистерни, цистерни за гас, контејнери за рефус производи, приколки за такви контејнери и т.н. Ван Хоол се стекне со огромно искуство и знаење, кое секојдневно го користи за проширување и подобрување на своите производи.

Ние живееме за нашите клиенти

Клиентот доаѓа на прво место. Кога ги развиваме нашите индустриски возила клиентот го следи процесот од блиско. Размислуваме заедно со клиентот и го вклучуваме во секоја фаза на проектот, од првите скици до изработка на прототип и завршување на крајниот производ. Исходот? Возило направено по мерка и задоволен клиент.

Висок квалитет, ниски вкупни трошоци

Стандардот за квалитет за индустриски возила е особено висок. Цистерни, полуприколки со цистерна, шасии за контејнер, приколки со лизгачки церади,... Сите овие возила треба да бидат издржливи. Нашите инженери и вработените од одделот за производство целосно се заложуваат за оптимално заштитување на товарот и гарантирање на безбедноста на возачот. Одлична мајсторија и најдобра гаранција за ниски вкупни трошоци „TCO“ (Total Cost of Ownership) за клиентот.