Веќе 75 години Ван Хоол бира да оди напред. Движени од луѓе со страст за иновативност и извонредност со нашите патнички и градски автобуси и индустриски возила возиме во првиот ред на светско ниво и се гордееме со тоа. Ништо не ни е премногу за да можеме денес да го обезбедиме најдоброто, најчистото, најбезбедното, најудобното и уникатно возење. Доаѓате ли со нас?

Van Hool. Leading the way.

in the spotlight

Ние имаме соодветен патнички автобус за секој тип на патник и за секоја дестинација. Удобен и сигурен, со сè што ќе го направи патувањето незаборавно. 

 

Нова А-серија градски автобуси 100% со нула емисија

Со новата А-серија градски автобуси 100% со нула емисија нудиме се што им е потребно на претпријатијата за јавен превоз кои сакаат да имаат „позелен“ возен парк. Технолошко иновативната понуда се состои од градски автобуси во 4 различни должини (12м, 13м, 18м и 24м) со елегантен дизајн. Сите модели се исклучиво опремени со погонски системи со нула емисија: со електричен погон со батерија, со горивна ќелија (водород) или тролејбус. Чиста работа!!

Дали сакате да дознаете што друго ја прави нашата А-серија, вклучувајќи го А12-моделот со електричен погон со батерија, уште поиновативна?

Откријте ја А-серијата

TX16 ASTRON

Cars St. Christophe 

 

EX17H

Toussaint

 

 EX11H

Eavesway Travel

EX11H

Woods of Tillicoultry

Иновација & Интеграција

Кај Ван Хоол иновацијата е маслото коешто ја движи нашата организација. Заедно со клиентот бараме решенија и не се плашиме да се преиспитаме. Во нашите сопствени бироа за инженеринг во Белгија и во Македонија постојано ги поместуваме нашите граници. Силно сме насочени кон истражување и развој (R&D) и тоа во голема мера придонесува за нашиот успех.

Како независен производител соработуваме со најдобрите партнери на пазарот. Ги бираме најиновативните технологии и разгледуваме како може да ги интегрираме во нашите возила. Благодарејќи на нашата долгогодишна стручност, од инженеринг до производство, успеваме совршено да ги задоволиме желбите на клиентот.

Повеќе информации

Let's get social