Подготвено за иднината

Чисто. Безбедно. Подготвено за иднината.

И во овие тешки времиња можете да сметате на нас. Ние обезбедуваме решенија за да се оптимализира капацитетот на Вашето Ван Хоол-возило: чист воздух, потребната социјална дистанца и хигиенска средина.

Така Ви овозможуваме колку може побрзо одново да ги вршите Вашите професионални дејности на одговорен начин, безбедно за возачот и за патниците.

Прегради меѓу патници

  • Флексибилно позиционирање
  • 2 завртки, без трајно оштетување
  • Возможно е индивидуално да се подесува наклонот
  • Лесно за чистење
  • Пластичен дел кој лесно се заменува
  • Не влијае врз хомологизацијата на седиштето

 

Прегради за возачот

  • Лесно за монтирање.
  • Без трајно оштетување бидејќи се користат постоечките места за прицврстување.
  • Лесно за чистење.
  • Пластичниот дел може да се замени.
  • Комплет за монтирање или монтажа од страна на Ван Хоол.

 

Диспензери

  • Диспензери со средство за дезинфекција овозможуваат оптимално чистење на рацете во автобусот.

Гумена лента врз седиштето

  • Гумени ленти кои брзо се монтираат и го ограничуваат бројот на места за седење за да може да се оддржи физичкото растојание меѓу патниците.

 

Безбедносна проверка против вируси

  • Антибактериски третман на климатизацијата.
  • Проверка на акумулаторот.
  • Проверка на нивото на течностите.
  • Проверка на гумите.
  • Визуелна проверка од долната страна.
  • Тест на кочниците.
  • Тест возење.

 

CAPS-системот од Ван Хоол

  • CAPS-системот од Ван Хоол (Систем за чистење на воздухот) ја користи најсовремената технологија за да ...
  • го прочисти воздухот.
  • ги стерилизира јоните.
  • ги отстранува бактериите и вирусите.

 

Оптимализирање на софтверот на HVAC-системот

  • Со оптимализирање на софтверот на Вашиот HVAC-систем (систем за греење/вентилација/климатизација) се одведува загаден воздух и постојано се доведува свеж воздух од надвор. Така во најголема мера се ограничува распространувањето на вируси низ системот за климатизација и низ одделите за багаж и им обезбедувате поздрав начин на патување на Вашите патници.

 

Чистење или заменување на филтрите за воздух

  • За оптимално функционирање на системот за климатизација се препорачува заменување/чистење на филтрите за воздух.

 

Hispacold ozon ECO3 прочистувач на воздух

 

 

Комплет со филтри за климата

Комплет за климатизација

  • Чистење и заменување на филтрите за воздух во системот за климатизација.
  • Проверете го системот за климатизација.
  • Чистење (десинфектирање) на испарувачите/кондензаторите.
  • Оптимализирање на довод на свеж воздух во системот за климатизација.

Сензор за телесна температура и маска

  • Ја мери телесната температура без физички допир
  • Проверува дали лицето носи маска за уста
  • Брзо и до растојание од 1.5м