Полуприколки со цистерни

Отсекот за индустриски возила на Ван Хоол нуди многу разновидна понуда на транспортни средства, меѓу друго различни типови полуприколки за разни стоки, приколки и полуприколки со цистерни и контејнери за рефус производи, отстранливи цистерни, отстранливи приколки, шасии за контејнери, приколка за на камион, комбинација камион со приколка, возила направени по мерка, и т.н., а сите овие се достапни во разновидни варијнати и се произведуваат согласно најновите технологии.

Обемната понуда на полуприколки со цистерна ја докажува стручноста на Ван Хоол во оваа област. Нудиме полуприколки со цистерна за транспорт на прехранбени производи, хемикалии, гасови, битумен, CO2, криогени гасови, а исто така произведуваме специјални конструкции, прилагодени на барањата од клиентот.

Ван Хоол ги произведува своите полуприколки со цистерна согласно специфичните барања на клиентот и производот којшто треба да се транспортира. Зависно од тоа цистерните се произведуваат од челик, нерѓосувачки челик и алуминиум. Волуменот на цистерната, количината, бројот на прегради, опционална изолација и греење, и т.н. се одредуваат заедно со клиентот. Земајќи ги во предвид сите овие аспекти Ван Хоол секогаш обезбедува оптимален сооднос помеѓу волумен и тежина. Приколките со цистерни можат да бидат опремени согласно разните народни и меѓунардни легислативи (ADR, IMO,...).

Ван Хоол произведува приколки со цистерна за разни  намени, на пример за прехранбени производи, транспорт на хемикалии, гас, битумен, CO2, криогени гасови, а секако произведува многу специјални приколки со цистерна, направени по мерка согласно спецификациите на клиентот.

Прехранбени производи

Бидејќи прехранбени производи понекогаш треба да се транспортираат под одредени услови Ван Хоол произведува полуприколки со цистерна согласно Вашите специфични барања.

На пример има приколки со цистерна за општи прехранбени производи, пиво, чоколадо...

Дали сакате да добиете повеќе информации?
Контактирајте наш специјалист за транспорт.

Хемикалии

Со своето долгогодишно искуство и постојаната иновативност во областа на  транспорт на хемикалии Ван Хоол е идеалниот партнер за Вас.

Дали сакате да добиете повеќе информации?
Контактирајте наш специјалист за транспорт.

Гас

Со своето долгогодишно искуство и постојаната иновативност во областа на  полуприколки со цистерна за гас Ван Хоол е идеалниот партнер за Вас.

Дали сакате да добиете повеќе информации?
Контактирајте наш специјалист за транспорт.

Битумен

Со своето долгогодишно искуство и постојаната иновативност во областа на  полуприколки со цистерна за битумен Ван Хоол е идеалниот партнер за Вас.

Дали сакате да добиете повеќе информации?
Контактирајте наш специјалист за транспорт.

CO2

Со своето долгогодишно искуство и постојаната иновативност во областа на  полуприколки со цистерна за CO2 Ван Хоол е идеалниот партнер за Вас.

Дали сакате да добиете повеќе информации?
Контактирајте наш специјалист за транспорт.

Криогени гасови

Во овој момент производот се развива.

Дали сакате да добиете повеќе информации?
Контактирајте наш специјалист за транспорт.

Специјални конструкции

Покрај големи серии Ван Хоол без проблем произведува индивидуални полуприколки со цистерна, направени по мерка. Се разбира дека и тие полуприколки ги исполнуваат највисоките стандарди за квалитет. Специјалните конструкции се индивидуални полуприколки со цистерна, направени по Ваше барање.

Дали сакате да добиете повеќе информации?
Контактирајте наш специјалист за транспорт.

Полуприколка со цистерна за превоз на млеко „ИНТРА“

Со своето долгогодишно искуство како производител на цистерни ВАН ХООЛ последните години произведуваше голем број полуприколки со цистерни за превоз на млеко (т.н. „ИНТРА“ цистерни), кои се наменети за транспорт на млечни производи помеѓу различните фабрики. 

Овие полуприколки се произведуваат согласно барањата на клиентот и спецификациите од крајните клиенти и има можност да се бира волуменот на цистерната, зависно од земјата за кои се наменети.

Се изведуваат со различни типови оски и достапни се типовите 3 x 9 тона, 3 x 10 тона и 4 x 9 тона. 

Згора на тоа, оваа интензивна соработка резултира во полуприколка со цистерна за млеко која има добра ергономија и функционира ефикасно.

Дали сакате да добиете повеќе информации?
Контактирајте наш специјалист за транспорт.

Полуприколка со цистерна за собирање на млеко „РМО“

Со своето долгогодишно искуство како производител на цистерни ВАН ХООЛ последните години произведуваше повеќе полуприколки со цистерни за собирање на млеко (т.н. „РМО“), кои се наменети за собирање на млеко од фармите. 

Волуменот на цистерните за собирање на млеко варира од 30.000Л до 36.000Л (друг волумен е возможно по договор) и истите можат да бидат опремени како што следува: 

  • Сет со оски 3 x 9 тона (за 40T или 44T максимално дозволена тежина) или 3 x 10 тона (за 50T максимално дозволена тежина)
  • Управувани оски со управувачко вратило или електро-хидраулично управување.
  • Систем за обезбедување на доволно голема тежина на приклучокот за приколката кога истата не е многу натоварена
  • Висококвалитетно изолирање на цистерната со обложување во пластика или нерѓосувачки челик
  • Широкоаголни камери за рикверц
  • LED-осветлување

Конструкцијата на полуприколката и инсталацијата за пумпата за млеко детално се разгледува со одделот за инженеринг и со клиентите за крајниот производ целосно да ги исполнува специфичните барања на нашите клиенти.

Ефикасната соработка помеѓу различните страни (клиент, одделот за продажба, сопствениот оддел за инженеринг и одделот за производство) резултира во вистински врвен белгиски производ.

Дали сакате да добиете повеќе информации?
Контактирајте наш специјалист за транспорт.