Универзална шасија ЕУ

Шасија која е секогаш соодветна и има правилна распределба на тежина

Ова е нашата најполивалентна шасија за контејнери. Со неа може да се превезе скоро секој тип на контејнер и секогаш со совршена распределба на тежина.
Контејнерот од 20’ може да биде централно поставен за да има добра распределба на тежина во возење и да се постави позади за товарење/истоварење на кеј.
Контејнерот од 20’ се преместува целосно самостојно со помош на камионот и нема потреба ниту на кран, ниту на виљушкар.
За таа намена конструкцијата се состои од 2 шасии кои се лизгаат една врз друга. За да биде издржлив на честото лизгање долниот дел е целосно галванизиран „hot dip“.
На оваа шасија може да се превезат исто така контејнери од 40’, контејнер од 2 x 20’ и контејнер од 45’ (во Бенелукс).
Високите „High cube“ контејнери може да се превезат во рамките на законски дозволената висина од 4м.
Иста како Универзалната шасија BX (Бенелукс) со разлика дека оваа шасија има рачно извлечлива предница за да може низ цела Европа легално да се превезат контејнери од 45’.

Постои опција да се опреми шасијата за превезување на цистерни.