ЕХ-серија

Современиот патник заслужува оптимална удобност и чувство на безбедност за време на долги патувања. Кратки релации и редовни линиски релации бараат флексибилност и возила лесни за одржување. За денешниот оператор е голем предизвик сето тоа да се оствари на еколошки и економски одговорен начин, ефикасно и со елеганција.

Погледнете ги возилата

Современ концепт за беспрекорно искуство.

EX-серијата е поим за ефикасност и елеганција, мултифункционалност и флексибилност. Концептот со модулите и сигурноста за која е познат Ван Хоол резултираат во возило кое се прилагодува на специфичноста на секаков превоз на патници, без да се намали квалитетот, безбедноста или удобноста.

Како секогаш моторите ги исполнуваат најстрогите законски легислативи за заштита на животната средина. Сето ова ги прави особено соодветни за долги патувања, како и за меѓуградски патувања и редовни линиски релации.

Ефикасно
и со елегантен изглед

Крајно ефикасно

Обновени и обновувачки компоненти, како што се функционалната шалтабла и седиштата, ги подобруваат удобноста и ергономијата за патниците и возачот. Воланот има ергономски контролни копчиња. Со нив се управуваат системот за мултимедија, телефонот & темпоматот. Новите патнички седишта и модуларниот распоред на седиштата и тоалетот создаваат крајна флексибилност. Рамниот низок под обезбедува ефикасно движење на патниците при влез и излез од возилото и оптимална пристапност за лица со намалена мобилност и за инвалидски колички. Багажните врати отвораат покомпактно од претходно и во невидениот багажен простор може да се смести голема количина на багаж. Како беспрекорниот ентериер го почитува патникот, така најновата генерација Евро 6 мотор ја почитува животната средина.

Откријте ги дополнителните опции

Освен новитетите кои се специјално развиени за ЕХ-возилата тие содржат многу функции чиј квалитет веќе беше докажан кај автобусите од ТХ-серијата. Како секој Ван Хоол производ ЕХ-возилото исто така беше развиено согласно вредностите за кои е познат Ван Хоол: сигурност, квалитет, функционалност.